Почеток СПОРТ(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1.

Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ.

Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира.

Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно демонстрираа дека одбраната им е како швајцарско сирење.

Во периодот од 15. до 34.минута, Челзи постигна три гола, сите од петерецот на Хенмарсон. Најпрвион погоди Жоао Педро, потоа Педро Нето и на крајот енцо Фернандез.

Во вториот дел блиц криг на Челзи, два гола во 54. и 58. минута на Каиседо и Шалоба за конечни 1:5.

foto/ EPA/VINCE MIGNOTT

Текстот (Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа