Почеток (Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи

(Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Околу 40 илјади Грци синоќа присустуваа на хуманитарен концерт во Атина на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Бројот на античкиот олимписки стадион “Панатенаик“ во Атина беше ограничен, па илјадници граѓани присуствуваа надвор, а ним им се придружија и добавувачите на храна кои имаа штрајк.

Парите ќе се користат за правни трошоци за престојното судење во Грција, а родителите случајот планираат да го однесат и надвор од земјата.

На концертот настапија бројни популарни музичари, а беше организиран од семејствата на загинатите.

Во железничка несреќа загинаа 57 лица, претежно млади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

„Чувај ме од горе„, на Фејсбук се огласи сопругата на младиот машиновозач кој загина во железничка несреќа во Грција

(Видео) „Криминалот не треба да се заборави“: Нов масовен протест во Атина за железничката несреќа

Видео/фото: Твитер

The post (Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro