Почеток СВЕТ ВИЕНА ОСТРО ГО ОСУДИ НАПАДОТ: Ракета во Либан го погоди мировниот штаб на ОН, повредени 8 австриски војници

ВИЕНА ОСТРО ГО ОСУДИ НАПАДОТ: Ракета во Либан го погоди мировниот штаб на ОН, повредени 8 австриски војници

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Осум австриски војници кои припаѓаат на мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) претрпеа полесни, површни повреди во ракетен напад врз седиштето на УНФИЛ во Наквора, во близина на границата со Израел, соопшти денеска австриското Министерство за одбрана (АМО).

УНИФИЛ е стациониран во јужен Либан за да ги следи судирите долж линијата за разграничување со Израел, област која овој месец беше сцена на жестоки судири меѓу израелските војници и борците на Хезболах.

– Остро го осудуваме овој напад и ќе бараме итно да се истражи – се наведува во соопштението на австриското Министерство за одбрана, во кое се додава дека не е јасно од каде потекнува проектилот и дека на ниту еден од војниците не му била потребна итна медицинска помош.

УНФИЛ денеска соопшти дека „најверојатно ракета истрелана од Хезболах од позиција на север“ го погодила седиштето на мировните сили во Наквора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro