Јаник Синер не е само најдобриот тенисер во светот во моментов, односно во последната година, тој е и најперспективниот тенисер во светот. Ова е она што Матс Виландер, поранешен број 1, а сега коментатор на Евроспорт, го тврди за „Л’Екип“.
– Неговиот тенис е пет до десет години пред другите, убеден e тој и вели дека Италијанецот има голема предност пред конкуренцијата и дека на неговите ривали ќе им треба долго време за да го стигнат во однос на квалитетот на играта.
„Како што се случува во фудбалот со првиот допир. Мислам дека Јаник сега ќе служи како модел за сите, сите ќе се обидат да го имитираат“, додава Виландер.
Швеѓанецот, кој освои седум Гренд слем турнири, сите освен Вимблдон, го истакнува главниот адут на играта на Синнер.
„Никогаш не сум видел некој што игра толку агресивно како Јаник“, истакнува Виландер, но под агресивност не подразбира сервис на бомбардер или напад на мрежата, туку напаѓа од основната линија. „Тој секогаш се обидува да стигне до топката што е можно поскоро. Многумина ја удираат топката силно, но никој толку брзо и рано, без да чека таа да почне да губи висина“, анализира поранешниот бр.1.
The post Виландер: Синер е 5-10 години пред сите appeared first on Локално.