Легендата на Формула 1 спортот, Жак Вилнев, го критикуваше Мекларен за начинот на кој реагираше тимот за време на неделната трка во Имола, на која имаа второ и трето место. Канаѓанецот, кој е поранешен шампион со Вилијамс (1997), ја пронајде слабоста на Мекларен и рече дека не биле доволно агресивни.
Макс Верстапен лесно го помина Оскар Пиастри во првата кривина и победи доминантно, фаќајќи го Австралијанецот „на спиење“.
„Покажаа дека се слаби. Не знаат колку е силен Ред Бул. Тие се исплашени, се плашат да бидат агресивни и тоа е многу, многу чудно. Пиастри направи грешка во првата кривина, беше фатен како спие и никогаш не можете да дозволите тоа да ви се случи во кривина кога никој нема адекватна брзина. Сигурен сум дека Ландо Норис ќе имаше поголеми шанси да го стигне Макс во текот на тие три круга. Не можете туку така да му ги дадете победа на Верстапен“, смета Вилнев.
Четирикратниот шампион Макс Верстапен ја забележа втората победа на седмата сезонска трка во Формула 1, пред Норис и Пиастри.
www.gol.mk