Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот Вклучете ги во вашата исхрана – Пет антивоспалителни намирници кои треба веднаш да почнете да ги јадете

Вклучете ги во вашата исхрана – Пет антивоспалителни намирници кои треба веднаш да почнете да ги јадете

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Исхраната игра клучна улога во превенцијата од рак. Всушност, истражувањата покажаа дека одредени намирници, особено храната од растителна основа, може да помогне да се намали ризикот од одредени видови на рак.
Додавањето на вистинската храна во вашата чинија секој ден може да ја поддржи функцијата на имунолошкиот систем, да го намали оксидативниот стрес и да му помогне на вашето тело да ги елиминира токсините, а сето тоа може да го намали ризикот од рак.

Зеленчук
Храната од растително потекло е клучна за намалување на ризикот од рак. Главната работа што можете да ја направите за да го намалите ризикот од рак е да додадете повеќе растителна храна во вашата исхрана. Со обезбедување на антиоксиданси, влакна и фитохемикалии, овошјето и зеленчукот активно се борат против воспалението и помагаат да се елиминираат штетните токсини од телото.

Храна од соја
И’ покрај вообичаените митови околу сојата и ракот на дојката, производите од соја може да бидат одличен додаток во вашата исхрана, па дури и да помогнат во намалување на ризикот од рак. Сојата не го зголемува ризикот од рак на дојка. Сојата е растителен протеин кој содржи антиинфламаторни соединенија и е поврзана со намален ризик од разни видови рак.

Интегрални житарки
Иако диетите без глутен можеби се во тренд, тие не се неопходни за здрав начин на живот. Целите житарки се всушност многу важни кога станува збор за превенција од рак. Интегралните житарки како кафеав ориз, тестенини од цели зрна и леб од цели зрна ќе ви помогнат да го намалите ризикот од рак. Овие зрна обезбедуваат влакна, фитохемикалии и антиоксиданси – три витални компоненти кои ги штитат клетките и го намалуваат воспалението.

Мешунки
Мешунките како леќата и гравот се толку фантастични за вашето здравје поради толку многу причини, вклучувајќи го и фактот дека тие можат да бидат навистина јаки кога станува збор за влакна – кои се глави во превенцијата од рак.
Овие мешунки не само што се богати со влакна, туку се богати и со растителни протеини, што ги прави одлична алтернатива за месото. Тие исто така делуваат на стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и промовирање на здраво варење, а и двете можат да помогнат во намалување на ризикот од рак.

Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се секогаш фантастична, здрава опција за ужина. Тие се богати со хранливи материи кои се поврзани и со губење на тежината и со намален ризик од рак. И’ покрај нивната релативно висока калорична содржина, бадемите можат да бидат вреден додаток на планот за слабеење поради нивната задоволувачка комбинација од здрави масти, протеини и влакна.

Фото: Архива

The post Вклучете ги во вашата исхрана – Пет антивоспалителни намирници кои треба веднаш да почнете да ги јадете appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro