Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Вкусен појадок за гурмани: Потпржени сендвичи

Вкусен појадок за гурмани: Потпржени сендвичи

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Овој појадок е спој од пржени лепчиња и сендвичи, а можете да ги подготвите мошне брзо и едноставно.

Потребни состојки:
-1 леб
-Салама или друг сувомеснат производ
-Кашкавал
-5 јајца
-Прстофат сол
-Масло за пржење.

Начин на подготовка:

Лебот се сече на тенки парчиња, како за сендвичи. Од лебот се прават сендвичи со по неколку парчиња салама и со кашкавал. Во длабок сад се матат јајцата со прстофат сол. Се загрева маслото во нелепливо тавче за пржење. Секој сендвич се потопува во разматеното јајце и се пржи на средна температура додека лепчињата да добијат златно кафеава боја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro