Почеток МАКЕДОНИЈА Владата вработува 400 пожарникари за превенција од шумските пожари

Владата вработува 400 пожарникари за превенција од шумските пожари

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период, соопштија утрово од владината администрација.

Од „Илинденска бр.2“ додаваат дека пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра.

-И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба, посочуваат од Владата, додавајќи дека Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

The post Владата вработува 400 пожарникари за превенција од шумските пожари appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro