Почеток МАКЕДОНИЈА Владата ги навредува и им става сол на раните на родителите на загинатите во Кочани, смета СДСМ

Владата ги навредува и им става сол на раните на родителите на загинатите во Кочани, смета СДСМ

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната, се истакнува во реакцијата на СДСМ на ставот на Владата дека гневот и револтот на роднините на загинатите има политичка позадина.

Во реакцијата уште се наведува:

На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме.

Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат во состојба на силна болка и тага.

Родителите кои мирно маршираат на улиците на Кочани Влада не смее политички да ги етикетира и со нив да влегува во дневнополитички препукувања. 

Факт е дека Владата не се справува добро со барањата, финансиска поддршка нема, условите за лекување се многу лоши а сите мерки на Владата повеќе наликуваат на ПР потези отколку искрена и недвосмислена желба за помош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro