Почеток МАКЕДОНИЈАВладата ќе купува пченица и ориз од локалните производители

Владата ќе купува пченица и ориз од локалните производители

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Владата ќе купува пченица и ориз да го поддржи домашното производтво

Согласно последните измени на Законот за стокови резерви, Владата вчера донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.

Одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв.

Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.

Одлука за набавка на 2.400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв.

Оваа година жетвата ќе се изврши на 70.000 хектари – доволни за домашно производство

Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони.

Како Влада го штитиме домашното производство.

Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кој очекуваме просекот да биде многу поголем од предходни години.

Согласно евиденцијата на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ке се изврши на 70 000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволи потребите од домашно производство.

Извор: Експрес

The post Владата ќе купува пченица и ориз од локалните производители appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа