Почеток ЕКОНОМИЈА ВЛАДА: Мицкоски ќе го потпише договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините

ВЛАДА: Мицкоски ќе го потпише договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro