Почеток МАКЕДОНИЈАВЛЕН вети 200 нови работни места преку зелени инвестиции

ВЛЕН вети 200 нови работни места преку зелени инвестиции

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Владата на ВЛЕН продолжува да докажува дека промената не е само ветување, туку реалност што ја живееме секој ден. Денес, преку Министерството за економија и труд и во соработка со Агенцијата за вработување, објавуваме историска мерка: Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, соопшти коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е само уште една програма. Ова е голем чекор кон модерна, одржлива и фер економија, економија што создава квалитетни работни места за нашите граѓани и во исто време се грижи за животната средина. Оваа мерка ќе опфати 200 невработени граѓани, кои ќе најдат работа во микро, мали и средни претпријатија, односно токму таму каде што расте новата генерација на нашата економија.

Финансиската поддршка ќе биде неповратен грант, од 250.000 до 750.000 денари, во зависност од бројот на нови работни места: 250.000 денари за едно работно место, 500.000 денари за две работни места, 750.000 денари за три работни места. Ова е конкретна поддршка, која ќе им овозможи на компаниите да купат нова опрема и машини, софтвер и лиценци, технологии за обновлива енергија и материјали за енергетска ефикасност. Значи, ние не само што создаваме работни места, туку создаваме зелени работни места.

Со овој јавен повик се поканети сите микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат законските услови, со приоритет за стратешките сектори: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, водоснабдување и управување со отпад, градежништво и транспорт. Јавниот повик ќе биде отворен до 1 септември. Заинтересираните работодавци можат да аплицираат секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот во Центрите за вработување низ целата земја, додека сите информации се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување“, додаваат од ВЛЕН.

The post ВЛЕН вети 200 нови работни места преку зелени инвестиции appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа