Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери, се пофалија утрово од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.
Политилкот субјект составен од неколку партии соопшти дека за само една година од владеењето на Владата, пензиите се зголемија за 5.000 денари, помагајќи им на над 340.000 граѓани.
-Со новите измени, од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, додека следното зголемување од 1.000 денари ќе се случи во март следната година. Ова не е пропаганда, туку политика со визија и одговорност. Бидејќи за ВЛЕН, пензионерите не се алатки за гласови, туку столбови на општествено достоинство. ДУИ ги користеше старите лица 20 години за фотографии и празни ветувања. Ние им оддаваме почит со акција, стои во партиското соопштение.
За потсетување, премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју минатата недела најави дека се прават анализи за ново линеарно покачување на пензиите и дека одлуката ќе биде донесена наскоро. Мицкоски тогаш спомена и конкретна сума од 1 000 денари, за која би требало да се покачат пензиите за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, а потоа да има повторно покачување на пензиите за истата сума во март 2026 година.
Минатата година со линеарно зголемување пензиите беа покачени за 2 500 денари во септември, а во март годинава, повторно за 2 500 денари. Тогаш премиерот рече оти за таа намена биле потребни околу 40 милиони евра кои се обезбедија со ребалансот на Буџетот.
The post ВЛЕН: За нас пензионерите не се алатки за гласови туку столбови на општествено достоинство appeared first on Локално.