Почеток МАКЕДОНИЈА ВЛЕН: Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ

ВЛЕН: Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно, соопштија утрово од ВЛЕН.

„Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи. Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт“, се додава во краткото соопштение.

The post ВЛЕН: Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro