Почеток МАКЕДОНИЈАВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Битиќи поради тоа што рекол „кретен“ за еден новинар

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Битиќи поради тоа што рекол „кретен“ за еден новинар

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска обвини дека поминале 24 часа откако, како што вели, пратеникот СДСМ, Фатмир Битиќи нарече родител и деца кретени од собраниска говорница. Стојаноски критикува дека неговата партија молчи и не се извинува.

Според пратеничката, огромен е очајот во СДСМ кога мора да молчат на изливите на примитивизам на нивни пратеници и не смеат да ги осудат и да се оградат.

-Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее да се огради од таквиот став? Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее ниту да помисли, а не пак да побара од Битиќи да се извини? Или пак СДС и Венко Филипче со тоа што молчат и не се оградуваат ниту извинуваат го делат ставот на Битиќи дека родител и неговите деца се кретени? Чесно е Филипче и СДС да се изјаснат. Граѓаните мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности, кажа Стојаноска од седиштето на нејзината партија.

На вчерашната седница на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, поранешниот вицепремиер и актуелен пратеник го кажал следново:

„Јас тогаш на еден ваш квази новинар му реков ако најдете дека некој земал пари, 600 илјади ќе ги дадам за да ви ги образувам децата, за да не бидат такви кретени како што е он“.

Се уште не е познато на кој новинар мислел Битиќи.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Битиќи поради тоа што рекол „кретен“ за еден новинар appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа