ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент. Од најголемата владеачка партија посочуваат дека екс-премиеорт Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а екс-претседателот Стево Пендаровски го ословуваше со „Бојко љубави“.
-Вистинското прашање е каква е поврзаноста на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче со бугарската пропаганда против македонскиот идентитет и јазик? Дали позади нападот на јазикот и идентитетот стои СДС и Венко Филипче со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС? Нели е симптоматично што единствените кои хорски ја напаѓаат владата се Венко Филипче, СДС и печурките на Бугарија во Македонија. Токму затоа Андреј Жерновски ја има улогата на бугарски камиказа во Македонија, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Бугарските медиуми преку информации од соодветни служби почнаа сѐ почесто да објавуваат информации за македонски политичари (и блиски до нив) кои наводно имаат бугарски пасоши, а во исто време се меѓу главните говорници во Македонија против Бугарија. По објавената шпекулација дека премиерот Христијан Мицкоски во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство, на отстрел се најде и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков.
Владата предложи, но од Софија засега молк за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со кој се зацементираат посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Домашните власти сметаат дека така може да се откочи евроинтегративниот пат на земјава. За иницијативата за заедничка резолуција со Бугарија како можно решение за откочување евроинтеграцијата, запознаени се и европските претставници, коишто сакаат да видат забрзување на пристапниот процес на Македонија, тврдат од Владата.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Борисов јавно се пофали дека го составил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во ЕП appeared first on Локално.