Почеток МАКЕДОНИЈАВМРО-ДПМНЕ: Поради ликови како Васко Ковачевски, секој месец наредни 15 години ќе плаќаме по 300 илјади евра за фактури

ВМРО-ДПМНЕ: Поради ликови како Васко Ковачевски, секој месец наредни 15 години ќе плаќаме по 300 илјади евра за фактури

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„СДС повторно лицемерно излегува на прес-конференции и им пречи што Казанџи Холдинг ќе вложи милијарда евра за енергетиката. Но, само пред неколку години, кога тие беа на власт со ДУИ, не успеаја да ја договорат оваа инвестиција, па сега им пречи“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обвинувањата на СДСМ дека власта ќе соработува со „Казанџи Холдинг“ чија ќерка фирма „АКСА ЕНЕРЏИ“ е обвинета за корупција во Гана.

Според најголемата владеачка партија, СДСМ мора да се навикнат дека нивното време заедно со ДУИ заврши.

-А со тоа завршија и матните тендери, класифицираните договори, неколкукратните анекси на договори. Заврши времето кога СДС остави скандалозни и криминални договори, заврши времето на ликови како Васко Ковачевски кои ја уништија државата и ја упропастија енергетиката во секој поглед, каде што секој месец наредни 15 години ќе плаќаме по 300 илјади евра за фактури, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги праша премиерот Христијан Мицкоски и министерката Сања Божиновска – зошто се заобиколува членот 94 од Законот за енергетика, кој јасно налага изборот на партнер за изградба на дистрибутивната мрежа да се врши преку транспарентна тендерска постапка.

-Чии интереси ги штити власта кога за стратешки партнер избира компанија која веќе е фатена и откриена во истраги за поткуп и сомнителни зделки? Дали власта спрема огромна курпција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана? Дали овој меморандум е цената што треба да ја платат граѓаните за нечии лични и партиски бизнис интереси? Дали имате направено анализа за потребите од електричната енергија како и од природниот гас, со потребните сценарија како би се реализирала инвестицијата? Дали подготвивте Стратегија за развој на енергетиката за следните 20 години, што ви е обврска по законот за енергетика, праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од „Бихаќка“ бараат итно и неотповикливо откажување од намерата за потпишување на каков било меморандум со споменатата компанија, но и целосна транспарентност за сите досегашни преговори и активности поврзани со овој проект и безусловно почитување на законот и јавна дебата за развојот на енергетскиот сектор.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Поради ликови како Васко Ковачевски, секој месец наредни 15 години ќе плаќаме по 300 илјади евра за фактури appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа