Почеток Црна ХроникаВозачка на автобус на ЈСП изгасила пожар во автобус во движење, заврши на Токсикологија

Возачка на автобус на ЈСП изгасила пожар во автобус во движење, заврши на Токсикологија

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во раните утрински часови, денеска (21 јули 2025) во 07.16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ избувнал пожар во автобус на ЈСП кој бил во движење.

Според пријавеното, огнот го изгасила возачката на автобусот, С.Б., која потоа била пренесена со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

фото: архива/Скопје1

The post Возачка на автобус на ЈСП изгасила пожар во автобус во движење, заврши на Токсикологија first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа