На 22 август 2025 година, во 18:35 часот, на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј. (36) од Штип.
При извршена сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 252 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
The post Возач од Штип фатен како вози 252 километри на час на автопат – полицијата го уапсила first appeared on Претрес.мк.