Почеток ЕКОНОМИЈАВо Велика Британија секојдневно ќе се затвора по еден паб поради високите даноци

Во Велика Британија секојдневно ќе се затвора по еден паб поради високите даноци

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По еден паб секојдневно ќе се затвора годинава, поради проблемите предизвикани од високите даноци, аламира британската Асоцијација за пиво и пабови, која претставува над 20 000 пабови.

Годинава се очекува да се затворат 378 пабови во Англија, Шкотска и Велс, што ќе доведе до загуба на 5 600 работни места. Таквата статистика е малку повисока од минатогодишната, кога се затвориле 350 пабови. Се смета дека од 2000 година досега се затвориле над 15 000 пабови.

Асоцијацијата вели дека бизнис даноците се едни од најтешките расходи за индустријата, но порачува дека не е доцна владата да изврши даночна реформа. Дополнително, како што се вели во реакцијата, даноците се несразмерно високи во однос на ниските маржи, од кои доаѓа печалбата.

Но, околу 45 000 пабови во Обединетото Кралство (Велика Британија + Северна Ирска) имаат и други даноци, како акцизи за пивото и ДДВ, што значи дека 1 од 4 фунти потрошени за пиво одат директно во државниот буџет.

 

The post Во Велика Британија секојдневно ќе се затвора по еден паб поради високите даноци appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа