Почеток СВЕТ Во Германија воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да ги менуваат полот и името

Во Германија воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да ги менуваат полот и името

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Законот за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните да ги променат името и полот во женско, машко или различно, што е трета опција за пол, која веќе постои според германскиот закон, со давање изјава еднаш во годината.

Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните и на небинарните лица да го менуваат полот во официјалните документи. Беше изгласан во април од коалицијата на левиот центар со многубројни дискусии и силно противење од десничарските и конзервативните партии.

На малолетниците над 14 години им е потребна согласност од родителите или старателите за промена на името и полот. Во случај на деца под 14 години родителите треба да поднесат изјава до матичната канцеларија.

Во рок од 12 месеци од одобрувањето на барањето не може да се изврши понатамошна промена или враќање на претходниот пол.

Слични прописи веќе постојат во 16 земји, вклучувајќи ги Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.

Текстот Во Германија воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да ги менуваат полот и името е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro