Почеток СВЕТВо Грција продолжуваат пеколните горештини

Во Грција продолжуваат пеколните горештини

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Жешкиот бран во Грција продолжува и денеска а ќе трае уште неколку дена, со максимални дневни температури од 40 до 43° Целзиусови, прогнозираат грчките метеоролози.

Денеска во најголемиот дел од Грција температурниот максимум ќе биде 43°, а на истокот на Егејско Море до 40°, благодарение на слабиот ветер што ќе дува од север и североисток.

Археолошките локалитети на отворено, почнувајќи од славниот Акропол во главниот град Атина, веќе неколку дена се затворени за посета или целосно или во периодот од 12 до 17 часот.

Во регионите околу Солун и на Халкидики, утрово има раздвиженост на улиците и на плажите, но се очекува бројот на луѓе надвор да се намалува како што ќе се покачуваат температурите, јавуваат грчките медиуми.

Топлотниот бран што почна од понеделникот, ќе потрае до недела попладне. Вчера од 550 метеоролошки станици во Грција, на 102 биле измерени температури над 40° Целзиусови.

The post Во Грција продолжуваат пеколните горештини appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа