Почеток СВЕТ Во Индија уапсени се 16 фармери поради палење слама бидејќи тоа придонесува за загадување на воздухот

Во Индија уапсени се 16 фармери поради палење слама бидејќи тоа придонесува за загадување на воздухот

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во индиската држава Харјана, 16 фармери се уапсени затоа што незаконски палеле оризова слама за да ги исчистат полињата, што придонело за загадување на воздухот во регионот околу Њу Делхи на почетокот на зимата, соопштија денеска властите. Фармерите подоцна беа ослободени со кауција, објави Ројтерс. Њу Делхи, кој четири последователни години е прогласен за најзагаден главен град во светот од швајцарската групација „IQAir“, поради овој проблем ги затвори училиштата и ги стопираше градежните проекти.

Полицијата во регионот Кејтал во Харајана соопшти дека оваа година се регистрирани 22 случаи на палење слама.

Започнати се истраги против речиси 100 земјоделци низ Харајана, додека повеќе од 300 се казнети, соопштија локалните медиуми.

Њу Делхи утрово забележа „многу лош“ квалитет на воздухот, според Централниот одбор за контрола на загадувањето (CPCB), индексот за квалитет на воздухот (AQI) беше 320. AQI од нула до 50 се смета за добар воздух, додека нешто помеѓу 400 и 500 опасност по здравјето. Министерството за животна средина соопшти дека дневниот просечен „AQI“ во Њу Делхи се очекува да остане во категоријата „многу лоша“ (300-400) во наредните денови поради неповолните метеоролошки и климатски услови, пренесува „Танјуг“.

The post Во Индија уапсени се 16 фармери поради палење слама бидејќи тоа придонесува за загадување на воздухот appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro