Почеток КУЛТУРА Во несреќата во Нови Сад настрадаа 14 лица – досега се идетификувани 7, меѓу нив и македонски државјанин

Во несреќата во Нови Сад настрадаа 14 лица – досега се идетификувани 7, меѓу нив и македонски државјанин

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полициската управа во Нови Сад вчера попладне соопшти дека се идентификувани седум жртви во трагичната несреќа при уривањето на покривот на Железничката станица во градот.

Според извештаите, нивните семејства биле информирани за ова веднаш по идентификацијата.

Полициската управа во Нови Сад веднаш по добивањето на конечните резултати од идентификацијата ќе ги извести семејствата на преостанатите седуммина загинати во овој трагичен настан“, се заклучува во соопштението.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето до јавноста по трагедијата што се случи во Нови Сад и изјави дека Србија трагедијата ја оставила целата земја  без зборови.

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад.

Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина во несреќата кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.

Во соопштението на српското обвинителство во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro