Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Во подготовка во МНТ „Замисли нов свет“ – колаж од делата на Стефановски

Во подготовка во МНТ „Замисли нов свет“ – колаж од делата на Стефановски

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Македонскиот народен театар деновиве започна подготовката на претставата „Замисли нов свет“ во режија на Нела Витошевиќ, која ќе биде колаж од делата на македонскиот драмски автор Горан Стефановски, а драматизацијата е на Ана Ристоска-Трпеноска.

Во претставата улогите ќе ги толкуваат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.

Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овој пат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, посочуваат од МНТ.

Фото: Кристијан Теодоров

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro