Почеток СВЕТ Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во израелските напади, во изминатите 24 часа, во Појасот Газа загинаа најмалку 60 луѓе во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Министерството за здравство во палестинската енклава наведе дека во израелските воздушни напади повредени се 284 лица.

Во соопштението на Министерството за здравство се посочува дека во денешниот биланс на жртви не се регистрирани загинатите и повредените луѓе во северниот дел на Појасот Газа, бидејќи пристапот е ограничен поради воените дејствија.

Според палестински извори од почетокот на војната во Појасот Газа загинале над 54.300 луѓе, а повеќе од 124.000 се повредени.  (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro