Во рамки на одлежување на месецот посветен за борба против рак на дојка, под мотото „Заедно против ракот на дојка“, во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, свое предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка имаше ас. др. Гордана Петковска.
Д-р Петковска е специјалист онколог, кој има богато искуство токму со пациенти со рак на дојка и се осврна на онколошкиот третман на пациентите и искуството со кое се стекнала во работата на овој оддел. Таа споделувајќи ја статистиката која говори дека секоја осма жена заболува од ова заболување која не бира ни етничка припадност,ни по опшествен статус искажа поддршка за ширење на пораката за важноста за рано откривање на оваа болест и важноста на превентивниот преглед кој е овозможен преку скрининг програмата на Министерство за здравство.
Клучна е соработката со невладиниот сектор кој дава несебична поддршка за психолошка поддршка жените кои се заболени од рак на дојка, заклучи д-р Петковска.
The post Во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка одржа ас. др. Гордана Петковска appeared first on Република.