Почеток БАЛКАН Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во сообраќајна несреќа загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ, неговата сопруга и малолетно лице.

Тодоровиќ беше пратеник во Народното собрание на Република Српска, директор на Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Република Српска и потпретседател на Социјалистичката партија (СП). Тој е поранешен пратеник во Градското собрание на Добој.

По професија беше економист. За советник е избран во Градското собрание на Добој во 2012 и 2016 година.

На општите избори во октомври 2018 година, тој беше избран за пратеник во Народното собрание на Република Српска.

Според неофицијални информации, до трагедијата дошло кога автомобил „волво“ кој го управувал Тодоровиќ удрил во задниот дел на камионска приколка која стоела на патот поради претходна несреќа.

“Камионот претходно учествувал во сообраќајна незгода со друг автомобил. Поради несреќата двете возила стоеле на автопатот кога автомобилот „волво“ со голема брзина удри под приколката на камионот”, изјавил извор за АТВ.

Од полициската управа Бања Лука потврдија дека трагедијата се случила околу 12.50 часот во близина на градот Пурачи.

Текстот Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro