Почеток Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, пришто животот го загубија 14 лица.

Книгата на жалост ќе биде отворена до 4 ноември, во период од 12 до 18 часот, информираа од амбасадата.

Српската влада го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во Србија.

Меѓу загинатите на железничката станица е и Васко Саздовски од Македонија – 45-годишен научник којшто работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.

Текстот Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro