Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година.
Како што информира, дополнителната исплата се врши согласно Законот за заштита на децата во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.
Во овие случаи исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година, наведува Министерството во соопштение.
The post Во тек дополнителна исплата на образовен додаток за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.