Почеток СВЕТ Во Украина убиен рускиот генерал Павел Клименко

Во Украина убиен рускиот генерал Павел Клименко

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Украина е убиен генерал-мајор Павел Клименко, командант на 5-та моторизирана бригада Доњецк.

Веста за смртта на Клименко ја објави истражувачкиот портал „Важни историски“ на својот профил на Телеграм , истакнувајќи дека тој загинал во средата под се уште неразјаснети околности.

Информацијата ја објави порталот Астра, наведувајќи дека се работи за човек кој организирал комора за мачење на руски војници во украинската област Доњецк.

Ова е веќе осми руски генерал кој загинал во Украина.

„Ова е 13-ти руски генерал во досегашната војна против Украина. Руските власти досега ја потврдија смртта на само осум генерали , објави порталот „Важњје историски“.

Според информациите, Клименко бил родум од Ставропол, а пред инвазијата на Украина служел на Крим. Во мај 2024 година, тој го добил чинот генерал-мајор.

The post Во Украина убиен рускиот генерал Павел Клименко appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro