1
И оваа година најдобриот турнир во мал фудбал ќе се одржи во Љубанци, објави Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.
-Турнирот ќе се игра на реновирано игралиште со вештачка трева, нова трибина и ново лед осветлување, потенцира во објавата Костовски.
Општина Бутел ќе биде генерален спонзор на овој убав настан и оваа година ќе го има најголемиот награден фонд.
Турнирот и оваа година е моморијален во чест на загинатите бранители во 2001.
На 08.08.2025 во 20 часот турнирот официјално ќе започне, додаде Костовски.