Почеток СВЕТ Во Шпанија спасена жена која три дена била заробена во автомобил

Во Шпанија спасена жена која три дена била заробена во автомобил

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Жената која три дена била заробена во автомобил со безживотното тело на својата снаа била спасена во Шпанија откако ги погодила смртоносните поплави, извести во саботата тамошната спасувачка служба.

Автомобилот со преживеаната жена бил откриен во поплавен тунел кој бил блокиран со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале повик за помош од жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил затрупан под други возила.

„После три дена, најдовме живо лице во автомобил“, информирал денеска шефот на цивилната заштита, Мартин Перез од градот Монкада.

Монкада се наоѓа во југоисточната провинција Валенсија, каде во поплавите загинаа повеќе од 200 луѓе. Автомобилот со преживеаната жена е откриен во местото Бенетусер.

Жената е пренесена во најблиската болница, а нејзината здравствена состојба засега не е позната.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица. Според последните податоци на шпанската влада, животот го загубиле 211 лица, од кои повеќето во регионот на Валенсија.

The post Во Шпанија спасена жена која три дена била заробена во автомобил appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro