Почеток БАЛКАНВо 33 општини ќе се градат водоводни и канализациoни мрежи

Во 33 општини ќе се градат водоводни и канализациoни мрежи

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерството за животна средина потпиша договори со 33 општини за реализација на 44 проекти за канализациска мрежа и водовод, а средствата се  обезбедени од министерстскиот буџет. Според вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, проектите ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните, како и за подобра животна средина.

– Овие пари се посебни, немаат врска со унгарскиот кредит, ниту со другите фондови. Ова се средства од буџетот на Министерството за животна средина, поделени на 33 општини, кои претставуваат од прилика пола од вкупниот број на општини – рече Меџити.

На новинарско прашање поврзано со проблемите со водоснабдување, како и загадениот воздух кој скопјани го дишат деновиве, Меџити посочи дека тоа е надлежност на Град Скопје, но, како што рече, Владата ќе помогне доколку има потреба.

The post Во 33 општини ќе се градат водоводни и канализациoни мрежи appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа