Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ ВРЕМЕ: Најстудено утро во Берово со минус 5 степени, преку денот во Македонија ќе биде сончево со највисока температура до 19 степени

ВРЕМЕ: Најстудено утро во Берово со минус 5 степени, преку денот во Македонија ќе биде сончево со највисока температура до 19 степени

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Берово утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Охрид, Виница и Гевгелија 4 степени.

Во Скопје – Петровец, Тетово и Битола  се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 Куманово, Крива Паланка, Прилеп и Струмица, 1 степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Крушево и Попова Шапка, 3 степени Целзиусови во Претор, 4 Охрид и Виница.

Во текот на ноќта преовладувало ведро време, соопштија од УХМР, а утрово е сончево, само во крајните југозападни и југоисточни подрачја има локална појава на облачност.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и тивко. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro