Почеток СВЕТ Вучевиќ за трагедијата во Нови Сад: Скандалозно е што некој ова го нарекува убиство

Вучевиќ за трагедијата во Нови Сад: Скандалозно е што некој ова го нарекува убиство

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека има многу непознаници околу несреќата во Нови Сад во која загинаа 14 лица кога врз нив падна настрешницата на железничката станица, како и дека има многу спротивставени мислења од експертите од областа.

Вучевиќ, кој моментално престојува во Шангај, рече дека многу не се знае и дека никој не ги има сите податоци, бидејќи тоа е многу сложено прашање.

– Истрагата е во рацете на Вишото јавно обвинителство и полицијата, а започнати се сослушувањата на сите оние кои обвинителството ги гледа во синџирот на одлучување за работите на Железничката станица, изјавил тој пред новинарите.

Додал дека мора да има политичка одговорност и дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека тоа не е под знак прашалник, само дека таа одлука ќе се донесе со „ладна глава и рационално“.

Коментирајќи ги плакатите со неговиот лик, сликите на министрите Томислав Момировиќ и Горан Весиќ, со порака „Корупцијата убива – ќе одговарате“, кои се појавија на четири локации во Нови Сад, рече дека не е време за политички одговори.

– Во Нови Сад се денови на жалост, секако, многу тешки денови за семејствата на загинатите. И тоа е трагедија. Некој да го нарече ова убиство е скандалозно. Мора да си монструм за да кажеш дека некој ги убил тие луѓе, рекол Вучевиќ.

На прашањето дали е почната проверка на некои други објекти со кои стопанисува истата компанија, тој одговорил потврдно, но додал дека и започнала да се прави „антикинеска хајка“ и дека тој никогаш нема да биде дел од тоа.

– Сега треба да ги уапсиме сите претставници на кинески компании? А ние не знаеме ни кој што направил. Ова е сериозно потсетување за сите кои се занимаваат со таа професија дека мора да се вршат почести контроли и надзор на сите објекти – рекол тој.

Вучевиќ изјавил и дека во хрватските медиуми, инженерите од земјата рекле дека ваква трагедија може да се случи и во Хрватска, бидејќи многу згради биле изградени истовремено со Железничката станица во Нови Сад.

– Никој не бега од прашањето за одговорноста, а ако се изврши хајка и ритуално се жртвуваат жртви, нема да биде подобро за семејствата на загинатите, ниту ќе утврдиме што навистина се случило – оценил тој.

The post Вучевиќ за трагедијата во Нови Сад: Скандалозно е што некој ова го нарекува убиство appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro