Почеток БАЛКАН Вучевиќ: Очекувам во наредните денови некои луѓе да сносат политичка одговорност за несреќата во Нови Сад

Вучевиќ: Очекувам во наредните денови некои луѓе да сносат политичка одговорност за несреќата во Нови Сад

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе да сносат политичка одговорност за тоа што се случи во Нови Сад. Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт, очекувам уште оставки“, рече премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ, по состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Тој синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, пренесе Бета.

„Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме“, рече Вучевиќ, кој е и претседател на СНС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro