Почеток БАЛКАНВучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека најновото апсење на Срби на Косово, односно апсењето на помошник-директор на Канцеларијата за Косово, Игор Поповиќ, покажува дека Албин Курти целосно го изгуби разумот и сака да предизвика инциденти и конфликти во Западен Балкан и рече дека Белград ќе реагира силно.

„Секако дека имаме проблеми. Имаме многу поголеми проблеми од блокадите и блокадерите, од однесувањето на Албин Курти на Косово, прогонот и протерувањето на нашиот народ. Најновото апсење на Игор Поповиќ покажува дека Курти целосно го изгуби разумот и сака да предизвика инциденти и конфликти во Западен Балкан. Ги информиравме сите наши партнери, но ќе ги информираме и сите наши пријатели“, нагласи Вучиќ.

Како што рече, ова може да има непредвидливи последици.

„Но, ние секогаш ќе се бориме за зачувување на мирот и стабилноста, но ќе реагираме на многу, многу остра и силна начин, бидејќи овој терор мора да престане во одреден момент“, нагласи Вучиќ.

Текстот Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа