Почеток БАЛКАН Вучиќ: Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во таа организација

Вучиќ: Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во таа организација

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува Европската унија да донесе стратешка политичка одлука за прифаќање на Србија како членка.

Во Будимпешта, по Самитот на Европската политичка заедница, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање какви стратешки одлуки очекува од ЕУ, рече дека Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во тоа организација.

„Треба да ја погледнете економската сила на Србија. Таа ние би сакале да биде поголема, значително поголема од она што беа 40 или 50 отсто од членките на Европската унија пред да влезат во ЕУ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ако денес се анализира кои земји можат да ги исполнат сите критериуми за влез во ЕУ кои се ставени пред Србија, мал број сонародници ги исполниле тие критериуми.

Текстот Вучиќ: Србија денес е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени во таа организација е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro