Почеток БАЛКАН Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е сцена на хибридна војна на странски служби кои учествуваат во конфликтите во Украина, а некои и на Блискиот Исток и Пацификот и сакаат секоја нација и секоја земја да биде под нивна контрола.

„Во таа хибридна војна сите страни користат исти техники, исти луѓе, устата на сите е полна со слобода, устата на сите е полна со заштита на интересите на Србија, а сите работат за трета страна, што ми е се потешко да го толерирам и издржам“, рече Вучиќ.

Тој рече дека меѓу 43 отсто од граѓаните кои се за Европската унија, половината се за Српската напредна партија (СНС), чиј член е и тој, додека меѓу 42 отсто од оние кои се за БРИКС, 55 отсто се тие што гласаат за СНС.

Текстот Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro