Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вчера вечерта Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти“, стои во соопштението.
Пожарот, кој бил пријавен во 17:22 часот преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од страна на екипата од ТППЕ Тетово. ЦУК информира дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од местото на настанот. Со намалувањето на температурите во текот на ноќта, се очекува пожарот сам да се угаси, а ако остане активен, ќе се преземат мерки за интервенција утре наутро.
Националниот парк „Шар Планина“ е исто така информиран за пожарот и планира да испрати персонал на местото за да ја процени состојбата.
The post Вчера избувнал пожар кај село Урвич во Општина Боговиње, веднаш бил локализиран appeared first on Република.