На вчерашниот ден 03.11.2024 со почеток во 10h, се одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”. “Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).
Маршот се одржа на од ОУ “Кочо Рацин” до Средно Водно.
На маршот зедоа учевство значителен број на граѓани, доктори, пациенти и др. Посебна чест ни направи присуството на Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов.
Во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности за кои тековно ќе бидете навремено известени.
The post Вчера се одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе” appeared first on ekran.