Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава В недела, „Ден на празот“ во Градашорци

В недела, „Ден на празот“ во Градашорци

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во дворот на црквата „Свети Никола“ во Градашорци, в недела, со почеток во 12 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“, на која се очекува да присуствуваат голем број гости од земјава и од странство.

Од Општина Василево информираат дека целта на ова манифестација е да се промовира производството на праз, но и сите придобивки и предности на ова растение за кое нутриционистите апелираат да биде дел од секојдневната трпеза. Се очекува манифестацијата да понуди голем број специјалитети од праз за посетителите, приготвени од домаќинките од Општина Василево, но и добра забава со Игор Димовски со групата „Пауза за ракија“.

– Нашата цел е со ова манифестација да ги споиме на едно место производителите и купувачите, да докажеме дека се подготвуваат разновидни специјалитети од празот, но и да направиме спој на нашето автохтоно производство со нашите традиција, фолклор, песна. Годинава ќе им доделиме признанија на дел од производителите на праз, бидејќи, како општина, сакаме да ги поттикнеме нашите земјоделци да го зголемат производството – истакна Славе Андонов, градоначалник на Општина Василево.

Во рамките на програмата, свој настап ќе имаат учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, како и КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица. Со нивните интерпретации и кореографии ќе се презентираат и македонските изворна песна и фолклор.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro