Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот В понеделник нема да има вода во повеќе делови од Скопје

В понеделник нема да има вода во повеќе делови од Скопје

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

В понеделник ќе има прекин на водоснабдувањето за корисници од повеќе улици во Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје (РЦУК-Скопје).
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 21 октомври 2024 година, понеделник, поради дефект на затворач (шибер) Ф80мм, на улица Римска 3, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Римска, Дрезденска, Њуделхиска, Панче Пешев, Наум Евро, Алжирска, Каирска и дел од улиците Анкарска, Атинска и од следните објекти – ОУ Војдан Чернодрински и градинката Мајски Цвет“, соопшти РЦУК-Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
 

The post В понеделник нема да има вода во повеќе делови од Скопје appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro