Почеток КУЛТУРАСценаГала концерт на Вејчеслав Поповски: „Хармонија во три стила – класика, филм и корен“ во рамки на Скопско лето 2025

Гала концерт на Вејчеслав Поповски: „Хармонија во три стила – класика, филм и корен“ во рамки на Скопско лето 2025

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 14 јули 2025 година, со почеток во 20:30 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија во Скопје ќе се одржи Гала концерт на Вејчеслав Поповски кој е еминентен македонски музичар, оперски пејач и и лутијер.

Овој уникатен концерт претставува културен мост меѓу музичките традиции, европските вредности и уметничките иновации. Концертната програма обединува жанрови од класичниот репертоар, филмската музика и македонската музичка традиција, со јасна порака за културната разновидност како сила на поврзување, соработка и меѓусебно почитување.

Концертот е авторски и концептуално оригинален подвиг на Вејчеслав Поповски – уметник кој не само што настапува како вокален изведувач, туку и ги изработува инструментите на кои ќе се изведува концертот, ги создава аранжманите и учествува во секој аспект на изведбата, создавајќи комплетно уметничко дело.

Во придружба на австрискиот Acies Quartett, еден од водечките камерни состави во Европа, реномираниот словачки пијанист Ричард Рикон и Елена Васова – гостин-сопран, концертот претставува спој на врвна европска музичка естетика и македонска културна автентичност.

Во рамки на визијата на развивање на потенцијалот кој го носи во себе и насочување кон остварување на своите цели , Поповски го претставува својот иновативен и претприемачки дух, кој резултира со изработка на жичани инструменти признати на светско ниво. Тој е добитник на Признание за квалитет на звук, доделено од најеминентни светски лутиери, на најголемиот светски настан во организација на Violin Society of America со што Македонија се вбројува меѓу земјите со врвна лутијерска традиција – рамо до рамо со Кремона, Италија.

Настанот е во целосна синергија со мисијата и вредностите на меѓукултурна соработка и поддршка на младинската креативност и унапредување на културната дипломатија.

Гала концертот е подржан од Македонската Радио и Телевизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа