Почеток Галетановски: Смртоносна бактерија е најдена во скопската зоолошка, сите што ја посетиле деновиве да се проверат

Галетановски: Смртоносна бактерија е најдена во скопската зоолошка, сите што ја посетиле деновиве да се проверат

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во зоолошка градина Скопје, објави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски.

Во објавата тој вели дека во моментов Зоолошка е затворена, посетителите се евакуирани, а инспектори се веќе влезени.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.

Засега нема официјално соопштение од Скопје ЗОО дали ваквите наводи кои се споделуваат на социјалните мрежи се точни.

Повеќе детали наскоро…

Текстот Галетановски: Смртоносна бактерија е најдена во скопската зоолошка, сите што ја посетиле деновиве да се проверат е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro