2
Аргентинецот Алехандро Гарначо Фереира ќе остане во Премиер лигата и во моментов има понуди од три клубови заинтересирани за неговите услуги.
Откако влезе во конфликт со тренерот Рубен Аморим, стана јасно дека Гарначо нема иднина во Манчестер Јунајтед, а сега на „радарот“ го држат Челзи, Тотенхем и Астон Вила.
Неколку англиски новинари напишаа дека најблизу во моментов се чини дека е тимот на Унаи Емери и премин во Вила.