Почеток МАКЕДОНИЈА Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција

Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„До собраниската архива нема стигнато допис од ниту еден пратеник за тоа дека преминува во некоја друга група или, пак, бара да биде независен“, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ваквата изјава ја даде одговарајќи на новинарско прашање, за информацијата која се прошири во јавноста дека пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, ја напушта Коалицијата „За европска иднина“, предводена од СДСМ.

Гаши потенцираше дека се додека до архива не се достави известување од пратеник дека преминува во некоја група или станува „независен“, не може ништо да се зборува за намерите на било кој народен избраник.

Во архивата на Собранието досега е доставен само допис од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во кој е наведено дека веќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“. Во документот на Тачи не било наведено дали припаѓа на некоја друга коалиција, ниту пак, дали е „независен“, туку само дека повеќе не е дел од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.

The post Гаши: Нема доставено допис од пратеник за напуштање на Коалиција appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro