Почеток МАКЕДОНИЈАГАШИ СИНОЌА БИЛ ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН: Имал преплет на цревата, задржан во болница

ГАШИ СИНОЌА БИЛ ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН: Имал преплет на цревата, задржан во болница

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Информацијата ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, кој за медиумите изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

– Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор – изјавил д-р Костовски.

Извор: Плусинфо

The post ГАШИ СИНОЌА БИЛ ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН: Имал преплет на цревата, задржан во болница appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа