1
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Како што пренесуваат дел од медиумите, според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крварење или други посериозни симптоми.
Кабинетот на претседателот на Собранието сè уште не се огласил и нема информации дали Гаши е сè уште на клиниката или е пуштен на домашно лекување по интервенцијата.
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.
The post Гаши синоќа завршил во болница поради болки appeared first on Локално.